Да чуете една песна од Кукуш

Кукуш е оној град во кој е роден Гоце Делчев а за кој квислинзите кои го потпишаа Преспанскиот договор се обврзаа дека ќе го викаат Килкис.

Песната е вековита и има моќни стихови кои просто не може да не ве асоцираат токму на шашмите кои ги фабрикуваа промотерите на тој шугав договор по кои ете нè нас во Европа, само ако доброволно се вклучиме во грчкиот мемоцид и убивањето на секој спомен и помен дека таму живееле и живеат луѓе кои имаат песни кои викаат:

„Моли се, помоли мајко, ветер да подујне, магли да расече...“

Криса (Крисула Пападопулу) е наша, од Леринско. Песната ја има слушнато во кукушко а својата верзија ја има снимено дома, во Атина.

Криса ја имаме објавувано со нејзиниот проект Чепкало.

19 април 2021 - 20:45