Чепкало: Патруно, моме убава

Колку се само за почит овие од Чепкало проект! Не толку заради мешаниот етнички состав (Грци, Македонци, што и да е) туку заради љубовта, желбата, умешноста, радоста од она што го прават. Не чекаат субвенции за многудетни песни (како порано), не им требаат концерти за НАТО или градоначалници да ги качуваат на керамиди како сега, доволно е да се сретнат, една со дланки да држи ритам а потоа да ги сплетат гласовите во убав, фин вез.

* Со Чепкало првпат ве запознавме во статијата „На кој јазик пеат овие?“

5 мај 2020 - 09:12