Големо НЕ за висококатниците

„Нема обнова на наталитетот на осми спрат во 45 квадрати стан!“, површински и надморски прецизно советува српскиот министер Ратко Дмитровиќ. А ќе се надоврза и самиот Вучиќ нудејќи истражување по кое, кога сите други фактори се исти, помалку деца имате во висококатници, отколку во пониски згради. Па вие сега видете.

Евровизија со Евровизија се избива

Пошто стварно немаме што повеќе да кажеме на тема Евровизија, да пробаме актуелната бучава околу последниов избраник Гарванлиев (на македонски: Чавков?) да ја замениме со една друга, поинаква бучава.

Календар на влегување во ЕУ

Пред 15 години, уште пред во ЕУ да влезат Бугарија и Романија, на нашата тогашна веб адреса (он.нет) објавивме еден пародичен текст за тоа како ќе изгледа судбината на ЕУ по нашето влегување таму. Изгледа Унијата го имаше прочитано текстот, ги фатило паника па решија да направат сè за да ни го осуетат сценариото. 

Охридски икони на странска аукција

Колекција на спектакуларно убави македонски икони од 15 и 16ти век од Охрид, се понудени на продажба од германската аукциска куќа Hargesheimer Kunstauktionen Düsseldorf, по баснословно високи цени.

Хајле Селасие и Реза Пахлави се Македонци, а јас ќе бидам Хомер

Одиме во Загреб, во праисториската 1990 година. Април е, Вјештице го најавуваат албумот „Тотално другчији од других“ а Хрватска се спрема за првите демократски парламентарни избори, на кои ќе победи ХДЗ и ќе станат повидливи контурите на Рубиковата коцка на југословенските војни и трагедии. Несвесни за големиот фајронт кој следи, двајца наши копиљаци, во барот на хотелот Еспланаде се среќаваат со Џони Штулиќ.