Дали е јасно дека Македонија остана без едно цело Кратово или Берово?

За три дена ќе заврши мајтап-полицискиот час и ќе можеме да ги сумираме резултатите од него. Но, уште отсега се гледа - од 871 стигнавме до 1.293 случаи, а допрва ќе гледаме уште поголеми бројки. Како што состојбата ќе се влошува и ќе расте бројот на хоспитализирани и починати, ќе слушаме сè покреативни и сè поглупави изјави и оправдувања.

Горан Стефановски: За нашата приказна

Горд сум на нашата жилавост. И покрај сиот нарушен идентитет, заврзани раце, крпа во уста, обезличеност и распарченост, жив сум и гладен сум за живот. Знам дека ме има, според нападите со кои работат да ме снема. Знам дека сум, според упорноста со која се трудат да не сум. Мојата жилавост излегува од аванот во кој ме толчат и тиганот во кој се крчкам. Токму тој аван и тој тиган се моите места на моќ.

На пандемија се познава сарајлија

Зизи (Зијад Реџиќ, инаку угостител и снукер тренер) е еден од оние ликови за кои стереотипно се вика дека се живи легенди на еден град. Една од најзабавните „вилици“ во Сараево овде ја раскажува својата драматична битка со ковидот, барокно раскитено со многу шарм и хумор. Два момента: кога не само што се нашол во Брза помош туку и поминувале на црвено (не сум јас до толку болен за на црвено!) и кога ја облекувал болничката пижама во која имаат веќе умрено едно 300 луѓе. Цар, цар.

Aман, престанете!

Министре Филипче, не знам кој ви ги води односите со јавност и подготвува дневни пораки за социјалните медиуми, но ова веќе е ноподносливо и навредливо за нас граѓаните што се обидуваме да задржиме здрава памет и здраво тело.

Илон Маск е од Република Српска

Јованка Јолиќ е една тетка која е во посед на многу тајни од светов а колку и да е озбилна, ќе да е малку удрена во крило, што пак ја прави идеален кандидат за често гостување на телевизија. Е не, „Топ тема“ и “Само вистина“ ќе гледаме.