Може сите ќе бидеме вакви после вакцината?

Кога вчера ја објавувавме Симонида, стрепевме дека си ја бараме бељата и непотребно го повикуваме ѓаолот и дека заради тоа, таа нема да биде последното мултимедијално зло од 2020-та. Загриженоста се покажа и повеќе од оправдана.

2020-та, имаш ли место и за Симонида?

Во фото финиш на оваа језива 2020-та година, да го спикаме на сајт и ова чудо, наречено Симонида. Песната не е од оваа година ама некако природно припаѓа овде и сега. Проблемот на Симонида е што мажите сакаат да го искористат нејзиното неодоливо тело и само им е до „опа-цупа“. Ама затоа, таа знае да каже „лепа сам, ал нисам глупа.“ Неш јебат! 

Не е 2020-та ако не проба и вака да те насмее

Можеби 2020-та година беше мачна и депресивна но затоа ја завршуваме фуриозно, со помош на богатата културно- уметничка програма во Лозово на која имало и извлекување на вредни награди. Бидејќи сето тоа е премногу за една скромна статија на нашиот сајт, го издвојуваме само делот со хуморот.