Идам, идам, сакам да бидам - Пивар

Ова треба да го изгледате макар само за да го видите Свето Пивара на млади години. Мислиш во секој момент ќе изговори „нот грејт, нот терибл“, согласно тој шармантен дизајн на 80-тите години кој го има и овде и во серијата за Чернобил.

Но, има тука и многу подрагоцени моменти. Самите изјави на работниците на скопската пивара (денес тоа се вика тестемониали), целата таа ненашминкана автентичност (видете му ја униформата на бркото на 13:22; денес надлежната маркетинг агенција би го облекла ко Кен на Барби), но пред сè и над сè - САУНДТРАКОТ!

 

22 мај 2021 - 12:56