Како се вика Доналд Трамп на босански?

Милорад Додик! Послушајте го ова него бескрупулозно пресметување со политичките противници при што апла во фаца им вика дека ги знае што олош се бидејќи ги прислушува. Па ги хушка едни против други. Ни свиркачи, ни анонимни доставувачи кои демек оставиле некаков материјал во двор, ништо од тоа. Директ: „“Нема власт која не ја прислушува опозицијата, жалете се на Транспаренси, на кого сакате!“, ќе го каже Додик она што Никсон не смееше да помисли да го изусти.

Во една Србија, далеку, далеку одовде

Наместо да ви го раскажуваме спотот на Марко Булат за песната 31-век (гледате до каде тие добацуваат?), ќе ви пренесеме неколку репрезентативни Јутјуб коментари: Угасете го интернетот, империјата победи / Дизни на респиратор / Марко, каблите некаде ти се допираат / Стар Ворс фолк / И Јода би се пропил... И ниеден од коментариве не е претеран.

Бојко „три вф едно“ Борисов

Одлична монтировка на Борисов залепен на хитот на познатите бугарски рапери Упсурт.