Имате самоволие, и имате самошилие. „Совесни граѓани“ интервенирале во јавен простор ама не им се кажувале имињата за да немале правни последици? А други „совесни“ пак, нема да можеле исто, пошто, ете така. Каков ајванлук.
Пазете ја вие оваа ситуација. Дечкиве живеат во зграда во центар на Скопје. Имаат мало бебе па бидејќи ноќе стануваат за разни потреби околу бебето, оставаат светло во дневна или во ходник. Еден ден, НА ДРУГАТА ЗГРАДА карши нив ги дочекува ваква порака: