Кого тоа ние плаќаме во амбасадата во Белград?

Александра К. со генерации наназад е по потекло од Загоричани, Костурско, Егејска Македонија, онаму каде што илинденското востание било помасовно и од Крушево. Татко ѝ се борел во граѓанската војна во Грција, а по егзодусот со фамилијата живееле во Романија и Србија. Александра К. посакала да се распраша дали и како може да добие македонски пасош па се јавила во нашата амбасада во Белград. Пристапот на кој наишла и одговорите и советите кои ги добила се, како да кажеме, одвратни.

Дијагнозата на Лане Гутовиќ

Почина актерот Лане Гутовиќ, очекувано надживеан од митскиот Шојиќ, којшто не само што е добро туку и се множи, а државата е неспособна да го заузда. Тој и таков Шојиќ требаше да остане во своето село и да чува овци (а и од таму да го избркаат), не па да дојде во предузеќе, камоли во парламент. Но не се залажувајте, вели Гутовиќ, не напредува Шојиќ, туку ние пропаѓаме.