Како од централен регистер се брише фирма со 300.000 евра долг?

Како тоа раководството на Еуростандард банка дозволило да се избрише оваа фирма без да се регулира долгот повеќе од две години ниту пак банката да одвои 100 отсто парична резерва? Фирмата која добила кредит со обична меница, сега веќе е избришана. Наши пари дадени на вересија со цел да не се вратат.

Шупаците треба да завршат неславно, а лоповите во затвор, многу ли бараме?

Видено низ партиски наочари, сè е сомнително. Ние денес најавивме најјак прес на светот, а Трендо објавува интервју со Ентони Бордејн? Каков предавник! Али ок, и да го водев сајтот на “Храна и вино”, таа параноја пак ќе беше иста. Од чија ли е сега тој, зошто баш сега таков сајт? И идиоти ќе мислеа дека секој ден прво треба да им се изјаснам за дневните теми на кои се напалиле на Фејсбук, па дури потоа да пристапам кон рецептот.

Вака така, Берово си доби химна

Јако и љубовно, со гитарски рифови, иновативни рими и поетика која раѓа животни дилеми, но пред сè авторско и свое. А можеле само да ја преработат: „Ко да ми отме из моје душе... Берово“

Две парчиња ТЛН

Зошто сега Топ листа, кога е тоа ем старо ем не е наше? Епа, затоа што на повидок нема ни ништо ново ни ништо наше. И затоа што се просто, ненадјебиви.

Мило, една поинаква приказна

Ви звучи ли познато кога некој политичар кој маестрално потфрлил бара уште една доверба, затоа што во првата прилика бил фрлен во оган и наишол на хаос, ама дека сега научил како треба и затоа е ред да му се даде уште една шанса? Да де. Црногорските мадафакери Букс оф књиге мајсторски го тролаат нивниот Мило.