Да тркнеме до Словенија?

Само колку да видиме две фотографии од една нивна противпожарна станица. Селска противпожарна станица. И не е професионална. Ама затоа изгледа средено, пиц-пец. Уште некој мисли дека до името беше што не сме во ЕУ и дека баш сите домашни ги напишавме па онда дојдовме до таа точка кај што немаше каде, освен да се преименуваме ко најглупи некои?

За статистиката, под хауба

Мој апел е е сите што немате прележано ковид да се вакцинирате.Не затоа што Филипче така рекол, или затоа што така полесно се патува, или за да ве пуштат на свадби, или за да нè заштитите тие што сме вакцинирани, туку за да си ги намалите шансите да бидете хоспитализирани и да спасите живот на некој што ќе заврши во болница од сосема трета работа и нема да има кревет за него пошто вие му го фаќате неговиот.

Орото продолжува...

Повторно се решени да жртвуваат 1.000-2.000 животи, само за да се продолжи со свадбите, кафеаните и ноќните клубови. Секој е со својата памет, ама ако после сé што видовме сé некој мисли дека ова е некаква играчка, тогаш нека му биде.

Тито за Бугарите

Со онаква импресивна анти-фашистичка биографија, Тито немаше потреба да релативизира и да гали ничии заблуди за својата историска величина и праведност. „“Окупатори не можат никого да ослободуваат“, ќе им порача од Скопје, во 1975 година. Половина век подоцна, во Македонија ќе се појави извесен трговец- накупец кој на бугарска телевизија ќе се фали дека наредил да се брусат споменичните написи за бугарскиот окупатор. 

Кој вика дека немаме „дечко на денот“?

Ги фаќа живи како фрлаат огромни кеси во река па со закана дека ќе викне полиција, ги тера да се вратат и да си го соберат ѓубрето. А возрасни луѓе, и тоа дојдени од Германија. „Западната“ се вади дека не знаеле дали смеат да фрлаат во контејнер. За во Германија, знае. Ви викаме, дечко на денот.