Тоа ли е тоа аналитика што го викате?

Новинарски доајен, директор на МИА, некогашен портпарол на Влада, од последната функција сменет од Заев и Османи затоа што Захариева и Бакојани ги нарече „фригидни кучки“, радо виџен на ТВ дебати како аналитичар. На последната, со еден потег ги реши сите дилеми, за навек! Па тоа лесно било, зошто луѓе воопшто се тупеле околу тоа?!

Како од централен регистер се брише фирма со 300.000 евра долг?

Како тоа раководството на Еуростандард банка дозволило да се избрише оваа фирма без да се регулира долгот повеќе од две години ниту пак банката да одвои 100 отсто парична резерва? Фирмата која добила кредит со обична меница, сега веќе е избришана. Наши пари дадени на вересија со цел да не се вратат.

Шупаците треба да завршат неславно, а лоповите во затвор, многу ли бараме?

Видено низ партиски наочари, сè е сомнително. Ние денес најавивме најјак прес на светот, а Трендо објавува интервју со Ентони Бордејн? Каков предавник! Али ок, и да го водев сајтот на “Храна и вино”, таа параноја пак ќе беше иста. Од чија ли е сега тој, зошто баш сега таков сајт? И идиоти ќе мислеа дека секој ден прво треба да им се изјаснам за дневните теми на кои се напалиле на Фејсбук, па дури потоа да пристапам кон рецептот.

Вака така, Берово си доби химна

Јако и љубовно, со гитарски рифови, иновативни рими и поетика која раѓа животни дилеми, но пред сè авторско и свое. А можеле само да ја преработат: „Ко да ми отме из моје душе... Берово“

Две парчиња ТЛН

Зошто сега Топ листа, кога е тоа ем старо ем не е наше? Епа, затоа што на повидок нема ни ништо ново ни ништо наше. И затоа што се просто, ненадјебиви.