Треба брза соба?

На влез на нова зграда кај Железничка станица

Вештачки оркестар

Ама баш ништо не знаеме за тоа кој стои зад овој музички каламбур, ама па и не мора. Се работи за преработки на македонски песни направени со помош на вештачка интелигенција и придружни модерни алатки. Ама испаѓаат одлични комбинации: „Бонус трака“ во јака женска верзија, Архангел  и „Убер Македонише“ во мека варијанта, “Чија си“ како хеви метал химна... Чудесии. 

Изгубија и не ја изустија „Северна“

Квиз на македонска телевизија, двајца наши дечки треба да кажат извесен број континентални држави кои во името ја содржат буквата „с“. Имаат кажано 32 држави, треба да кажат 33. Им фали само една. Ништо, времето им истече. Водителот отпосле им вика дека победа можеле да однесат ако кажеле Северна Македонија.“А, не ја кажуваме неа“, викаат мангупите. Секоја факинг чест!

Свадбата е голема, ама чија е?

Николина Чакърдъкова:  „Откакто се помня, аз все пея. Правя 25 години на голямата сцена догодина. И всяко интервю започвам с думите, че пея българските песни от македонския край. За да не се увлекат братята македонци, че взимаме нещо тяхно“. (извор)