Лиде Лиде, прекини прекини

Новогодишна а јако тужна песна на најпознатата сталкерка од Македонија чиј предмет на обожување во меѓувреме беше стоково разменет од прекупецот ЗЗ. Ај што Лиде Лиде нема гајле гајле да пее вакви песни песни (а тоа го прави како истовремено да јаде тост), ама тој што ги пишувал овие „трето б“ стихови, е тој е правиот злосторник. Џака, спиеш ли мирно?

Време е за подобри Македонци од нас

Срам да го фати човека што е Македонец од Македонија кога ќе му текне колку често знаеме во сопствена држава да бидеме снеможени, а го слуша Стојко Стојков од ОМО Илинден. Скромен човек, во една сиромашка кујна, но со чиста мисла за својот идентитет и со здрав инает да се остане Македонец наспроти она што Бугарија го прави со нив од Тодор Живков до денес. Пу јаз'к. За нас.

Заборавени вештин: Плетење накурњак

Баба од Лика плете и објаснува дека денес можеби не е потребен ама на времето, во ладните месеци на годината накурњакот бил фин додаток за греење на извесни истурени делови на телото. Се плетат од груба волна и тоа факат гребе, ама па можда баш тоа додавало на задоволство. Таа сега плете накурњаци како сувенири, кои доаѓаат во кутија, во комплет со два орева.