Страдањата на младиот меринджей

Село Градинарово, Бугарија, ЕУ. Семејна драма меѓу Јанко и Иванови кои не му даваат да си го види детето. Особено се истакнува бабата, една мала, лута, нетачна сподоба која вреска, плука, мава а во напади на бес знае и да се фати за јајца! Меѓу другото, го руга Јанкота дека е „млад меринджей“ (менаџер). Катја се вика, гребната триста.

Излези, мала

Неколку распеани српски бекрии кои не се оперирани од романтика. Излегле со хармоника и на малата и ја пеат познатата швалерска песна (тема на која пееја и Лет3). Нека дознае и таа и светот за нивната љубов. Спојлер: малата излегува.

Македонската „Don't Look Up“

Нетфликс го има „Don't Look Up“ со Kаприо и Лоренс, Тумба фест ја има „Ќе одиш на блок“ со Атанаска Иванова, стокмена во црвено -златна комбинација. Двете дела се сатира и пародизирање на модерниот начин на живот, само што, нашево е каде-каде подражесно.  Прецизно дијагностицирање, прашања на место (дали има некое машко живо нормално?) и разумни одговори (сè идиоти). Атанаска, Жижеку наш!