Не се работи за српски одговор на докумeнтарецот на Мат Вош „Што е жена“. Инсерт е од интервју на славниот новинар Теша Тешановиќ со некој возрасен балван од Србија (имал Теша и каца за гостин) кој објаснува какви параметри треба да има еден маж и нормално, не може да пропушти една мрсна а добронамерна пцовка кон соговорникот. Да чуеме.
Мајка и син имале неочекуван и за нив пријатна средба со куче скитник додека биле на гробишта. Се пожалиле на локалната телевизија која пак се погрижила брзо да организира кастинг за спомнатите актери во драмата, па нашле вучјак да го глуми „шарпланинецот“. Другите актери се чинат реални.
Му се јави, му најави дека му носи роба и начисто го изремети. Со оние шармантно погрешни падежи, со брилијантна техника на мрмљање за да не чуе соговорникот.... Има мајтапџии на светов, секоја чест.