Моќна руска верзија на Калеш Анѓа

Кога ја слушаш Калеш Анѓа, ти доаѓа убаво поради тој прочуен непокор. Кога слушаш руска верзија на Калеш Анѓа, не ти доаѓа само тоа. Ти доаѓа фронтално да тргнеш на беговите и нивните сараји со кои ден-денес ја лажат нашата Анѓа.

Како Бугарија го менува човека

Еден Италијанец реши на ТикТок да покаже како се трансформирал во текот на својот престој во Бугарија. Месец дена и кусур и натурализирањето е комплетирано, човекот претопен во околината a Карло од Италија претворен во Жоро од Русе. Заебанција, нормално.

Шуќур, спомнаа Македонци

Можно е само да опипуваат како ќе реагира нивната јавност, но да ја нотираме оваа репортажа на најгледаната бугарска телевизија БТВ за бугарското погранично село Боровичене (некогаш 360 луѓе, денес само 40) во која се вели дека во селото заедно живеат Бугари и Македонци. „Преку ноќ, сите Македонци ги запишавме како Бугари. Едно момче нејќеше, го скршија од ќотек“, се сеќава на 1965 година баба Илинка.