Германија

Не е сè така розово ни кога си во дијаспора. Дури и кога си сигурен дека ги имаш сите потребни елементи да пратиш видео за да им правиш лиги на другарите кои останале дома. Еден коментар вика: "Целиот живот им помина пред очи." Баш.

Скопје во очите на странски турист

Како што нам во странство ни паѓа во очи колку е чисто и средено, бидејќи тоа ни фали дома, така странци забележуваат колку е ова овде лудо и нелогично, бидејќи па тоа им фали ним дома. И да, им се свиѓа.

Правда за Карбинци

Втор ден луѓето од Карбинци (13 километри од Штип) протестирааат затоа што неколку соселани и земјоделци им завршиле во притвор откако „будните органи“ нашле стебла канабис. Луѓето велат дека се работи за див канабис, кој и онака расте насекаде во Македонија. Да се бавевме ние со дрога, немаше крави и овци да чуваме, викаат луѓето од селото.

Полска во моето (скопско) срце

Го користиме овој стих на Џони за да се потсетиме дека во светов имаме и пријатели на кои подзабораваме додека упорно се бавиме со Бугарија и нејзините влажни соништа. Пред некое време во Варшава излезе книга која се навраќа на уништеното Скопје, неговата обнова од земјотресот и улогата на полските архитекти во тоа. 

Кои држави во Македонија не се сакаат?

Дечково има цела серија вакви видеа, оди по земји и ги прашува кои други држави ги сакаат а кои ги нејќат таму. Генерално, секаде повеќето се нормални луѓе, пошто, стварно, што има да мразиш држава? Така е и во Македонија, со пар очекувани „застранувања“. Да ги чуеме нашите.