Го знаете Миќо Црногорецот?

Митар, Миќо е старка и Црногорец со краток фитил. Неговиот национален идентитет стои во непомирлив контраст со Србите па Миќо за себе ќе каже дека по народност е анти-србин. И нормално, за тоа што најмногу те нервира најмногу ќе те зезаат, па го провоцираат дека е Србин и му дигаат три прсти. А на провокации Миќо одговара со пцовки, плукање, барање пиштол и налог за апсење.

Што прават бугарски домаќинки кога им е досадно?

„Бугарска домаќинка, од досада, со години ја фалсификувала турската историја на Википедија.“

Кога ти е скапа државата, скапи ти се и цените

Оние што се чудат како тоа многу секојдневни производи се поскапи кај нас отколку во побогатите странства, нека размислат што сè влегува во таа цена. Колкава армија непотребни и јалови административци се на платен список на државата, колку државни и локални функционери се на истата цуцла, колкумина од нив во моментов акаат со нивните службени автомобили или се распојасани на некоја софра.