Пропаганден алгоритам

Консензуален е заклучокот дека медиумите одиграа посебно срамна улога во крвавите војни во поранешна Југославија. Во подготвување на атмосферата, одржувањето на огнот, долевањето бензин на огнот... Не се тоа којзнае колку префинети пропагандни финеси и разлики. Матрицата е иста, само треба да се заменат улогите кој е агресор а кој жртва. 

Некому рудникот, некому дупката

При доделување или проширување на концесиите, нема ниту еден член во законот со кој централната власт ќе се обврзе да побара мислење од локалната - било тоа да е градоначалник или совет на одредена општина. Ова значи дека државата или некој министер, законски ќе може да ти донесе рудник пред врата, во село, на планина, покрај река – а ти ќе немаш апсолутно никаков законски основ да се жалиш на таа одлука.

Каков татко треба да станеш

Не зборува многу. Не троши зборови. Економичен е и во говорот и во мислата. Секоја му е алтан. Го изустува само што што во тој момент треба да се каже. А тоа да е конструктивно. Знае како да помине квалитетно време со својот син. Цар е.