Штедачите од Еуростандард: Што уште не е јасно за Трифун и неговата екипа?

Кој ги потпишувал односно одобрувал сите тие доделени непокриени кредити и нелегални трансакции кон клиентите во банката? Одговорот на ова прашање е едноставен. Тоа е можно и е направено само и исклучиво од раководниот тим на Еуростандард банка, односно од претседателите на управниот, кредитниот и надзорниот одбор.

Ана Брнабиќ пред да стане премиерка

Се моли Вистиномер да не троши време на утврдување на големата вистина дека ова што следува всушност не е Брнабиќ (радо се занимаваат тие со баналности, толку им го пуштаат чергичето). Едноставно е, нашите читатели не се дегени за да им требаат тие да ги сконтаат работите.

Кристијан Шмит, Балканец

После само неполни две години службување на овие простори, високиот претставник во БиХ се побалканчи. Се развика на прес конференција и се закани: „Има бре сè да деблокирам!“ Во наредната прилика не ќе нè чуди ако после заканите додаде и: „Јебо матер сво-ју!“

Дури и Кустурица нè шупчи за „северномакедонско“

Случајно налетавме на ова, заслушувајќи го Кустурица на еден овогодинешен летен форум. А и тој тоа го спомнува онака попатно, како логична придавка од грдото име кое Заев и Димитров ни го начукаа. И како мисли сега оној напуван Димитров, да бараме наоколу меил од Кусто па да му објаснуваме за придавката и што за неа вика Преспанскиот?