Кои се овие митски суштества од северот на Грција?

Неколку видео парчиња од еден Јутјуб канал полн со оние кои понизната и понижена Македонија одбива, не сака и не смее да ги дефинира. Кои се овие суштества, на кој јазик пејат, какви се тие ора кои ги играат и кој им е тој Гоце кого не сакаат да го предадат?

Од репризи глава на кренавме

"Соседните кралства Грција, Србија и Бугарија имено ја сакаа Македонија секој за себе. Бугарите, народ од азиско, а не од словенско потекло, сепак ја спроведуваа најжестоката пропаганда."

Нашите Авенџери од Али Експрес

Ова своевремено сигурно на некои луѓе им изгледало како моќна и решителна порака. Само што времето знае да додава многу хумор во работите, особено кога ќе се покаже за какви мустри се работи. Па оној поздрав на крајот, па нема боље! Сега не би им упалил ни лажен цепелин, пошто не пали тоа сто пати.

Охридско, кој ми те тебе превесла?

Баш добро видео од годинешниов СУП Кросинг организиран од Paddle Club чија 26 километарска патека ја минале сите 40 веслачи од пет земји, вклучувајќи го и 10 годишниот Каи Петрески. Инџој.