Среќниот баксуз Фране Селак

Пастелно раскажана во Вес Андерсон стил, животната приказна за Фране Селак, професор по музичко од Хрватска, кому во серија му случуваат неверојатни несреќи од кои тој, уште поневеројатно, успева да извлече жива глава. „Овој човек е неуништив,“ што би рекле во „Ко то тамо пева.“ Паѓа со воз во река, паѓа во река со автобус, паѓа од авион, се спасува од пожари и експлозии кога сите други гинат.... На крај добива милион долари на лото.

Фино беше додека траеше

Пред некој ден пуштивме шизичка реклама за скопскиот кофи-шоп The Dude (види овде), која ја видоа бааги луѓе, баш задоволни (освен еден „зналац“ кој на Фејсбук оцени дека рекламата е предолга; му пишавме дека ќе ги замолиме да ја скратат и да му ја пратат). И баш се израдувавме дека некои работи можеби ќе тргнат на подобро. Ама... можеби и не. Се враќаме на фабричките стандарди на овдешниот - имам еден внук ептен креативен - адвертајзинг.