Девојката со акцентите

Како што Дуци феноменално гради карактери а Стеф Кери маестрално гаѓа тројки, така оваа наша девојка феноменално и маестрално гради изговори и гаѓа акценти. Не знаеш во што е повешта, кога зборува англиски (од странци) или македонски (од странци).

Со молење, очигледно не бива

Здраво Трендо

Ве молам да ги објавите фотографиите од паркингот што се наоѓа на превојот Ѓавато. Никој не води грижа последните 15 години за ова прекрасно место. До кога ќе биде така? Кој е надлежен? Надлежниот очигледно не е способен да управува и поради тоа треба да му се одземат ингеренциите и да ги преземе некој којшто ќе се грижи за оваа природна убавина. Гревота е за Баба планина ова овде што се случува.

Бугарска игранка со Спотифај

Бугарска фирма фрла на Спотифај 500 „песни“, сите на минималец од 31 секунда, бидејќи слушање 30 секунди се смета како еден стрим. Потоа, полека- полека, без никој да забележи, прават плејлиста со тие 500 песни и почнуваат да ги „слушаат“ на рипит од 12 акаунти. Дури една година подоцна, Спотифај сфаќа дека им исплатила милион долари, затоа што биле „слушани.“