Најопасната реченица на Балканот

Балканецот има две вечни надежи да најде врска во општина и култура што расте сама, а носи пари како нафтено поле. Секои пет години доаѓа нов пророк. Една година е Пауловнија. После тоа полжави. Па ноеви. Па аронија. Па тартуфи под лешници. Па јапонска гоџи бери. Па некој братучед од Германија што има сигурен откуп.

Наш човек по стилот ќе го познаеш

Оти си ги нагазувал бе? Златна кондура упропасти.

Сержи да ви каже нешто

Сержи е млад дечко од Барселона кој пред шест години сам решил да учи македонски. Не само што го научил туку и сериозно го засакал заради неговата звучност, ритмичност и елегантност. „Прекрасен јазик имате,“ ни порачува Сержи. Кога ќе се сетиме колку неписмености имаме објавено од наши луѓе на кои македонскиот им е мајчин јазик, така малку срам нè фаќа во нивно име. 

Видиковецот, среден

Пред само некој ден пишавме: „Скопје е на потег.“ Го искористиле потегот. Фатиле, го средиле. Респект.