Време на петарди

Мојот сопруг и јас десет години работевме во Брза помош. Со нелагода го чекавме распоредот на дежурства затоа што ниту еден здравствен работник не не му се радува на тоа дежурство. А потоа ќе стигне тој триесет и први декември.

Драшко контра Додик

Одамна трае дуелот меѓу Милорад Додик кој ја држи власта во Република Српска и Драшко Станивуковиќ, кој им го одзема бастионот Бања Лука. По одлуката на владата на РС да го намали приходот од ДДВ за Бања Лука за околу шест милиони марки, Станивуковиќ тргна во контра: на владините институции им се кине греењето и уличното осветлување а владиниот паркинг за 300 коли се затвора и се прогласува пешачка зона, за функционерите да пуштат нога.

Битно контејнерите ги празнат

Чудесна депонија на улица Џон Кенеди.

Краток српски дијалог на барикадите

По којзнае кој пат, Белград деновиве е блокиран. Како и со секоја блокада, секогаш имате две страни. Едната се оние што не можат да стигнат кај што наумиле, а другата оние кои се чудат на себичноста на овие првите кои само своето гајле си го гледаат. Тоа обично звучи вака:

И како сакаш да не заостануваме зад светот?

Со Свети Никола почнува убиствена серија софри и пијанки на кои се јаде и пие како да нема утре. Овој Божиќ, оној Божиќ, Нова година, втор ден Нова година, Бадници, паричиња, Василици, реприза на Нова година, Водици... Месец дена во годината, со најголема страст и задоволство се убиваме на овој калориско-алкохолен маратон што значи дека на 10 години, ние цела една година губиме на тоа. Е, јеби га.