Компанијата Belly Kids следната година ќе издаде боенка инспирирана од „големиот филмски човек", актерот Бил Мареј. Thrill Murray: A Colouring-In Book вклучува сцени од неговите познати филмови, како „Истерувачи на духови", „Загубени во преводот" или „Зомбиленд" - единствено не знаеме дали го има „Кафе и цигари" на Џармуш, каде се глуми себеси.
Најпопуларен изгледа е неговиот лик од "Life Aquatic", океанографот Стив Зису, кој заради одмазда кон една мистична ајкула која го убила неговиот партнер организира потрага по неа. Тој се појавува и на насловната, и на уште две илустрации внатре во книгата. Еве, oваа може да ја испринтате до излегувањето на книгата, и да ја обоите.