- На 73-годишна возраст почина Љубиша Никодиновски-Биш, еден од основачите на фестивалот Млад отворен театар, подвижник на алтернативните театарски движења од 1970-тите, член на трупата „Кај Свети Никита Голтарот“ и на театарската работилница при естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет „Зелената гуска“. Бил и еден од основачите и генерален секретар на Македонскиот центар ИТИ при Унеско.
- Се занимаваше и со театарска критика и есеистика. Автор е на голем број статии и студии од областа на театарот. Во 2007 на Филозофскиот факултет ја одбрани докторската дисертација „Естетиката на алтернативниот театар во Македонија“, која излезе како книга во 2009 година. Во 2021 е објавена монографијата „Зелената гуска“.
- Погребот на Биш ќе биде в петок, 12.8 од 9.00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
- Дали е чудно да се каже антропологинка, етнологинка или гинекологинка? Одговорите на овие и многу други прашања ќе бидат во фокусот на дискусијата „Од каде сега феминативи?“, што ќе се одржи на 4 јуни (четврток) во Лабораториум со почеток во 19 часот.
- Иницијативата „Зборци“ организира отворена дискусија посветена на феминативите и нивната улога во современиот македонски јазик. Настанот ќе отвори разговор за тоа колку сме подготвени да ги менуваме јазичните навики и како зборовите влијаат врз начинот на кој ја разбираме и обликуваме реалноста.
- На настанот ќе се обратат проф. д-р Симон Саздов од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, етнологинката и антропологинка Јана Коцевска и македонистката и лекторка Татјана Б. Ефтимоска. Организаторите најавуваат отворен разговор во кој публиката ќе има можност активно да се вклучи и да придонесе кон дебатата за јазикот, родот и општествените промени.
- Филмот „Фјорд“ од романскиот режисер Кристијан Мунџиу ја освои Златната палма вечерва на 79-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, објавија француските медиуми. Мунџиу ја доби својата прва Златна палма во 2007 година за филмот „4 месеци, 3 недели и 2 дена“.
- Гран при наградата ја освои продукцијата „Минотаур“ од рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, додека наградата на жирито ја доби филмот; „Сонуваната авантура“ во режија на Валеско Гризебах.
- Наградата за најдобар режисер им припадна на Хавиер Калво и Хавиер Амбрози за филмот „Црната топка“ (La Bola Negra), како и на Павел Павликовски за филмот „Татковина“.
- Претседател на жирито оваа година беше јужнокорејскиот режисер Парк Чан Вук, а во жирито беа американската актерка Деми Мур (Мур) и кинеската режисерка Клое Жао.