Сите добитници на наградата Еми за 2024
16 јануари 2024
- Серијата „Следоред“ (Succession), на доделувањето во понеделникот (15.1.) ја доби наградата за категоријата најдобра драмска серија. Екипата на серијата ги собра наградите за најдобар главен актер и актерка во драмска серија, кои им припаднаа на Киеран Калкин и Сара Снук. Наградата за најдобра машка споредна улога во драмска серија му припадна на британскиот актер Метју Мекфадјен.
- „Мечката“ освои 6 награди во категоријата хумористична серија, додека „Кавга“ во продукција на Нетфликс доминираше во категоријата кратки серии.
- За да се одбележат 75 години од наградите Еми се случи повторно собирање на актерите од „Сопранови“, „Грејс анатоми“, „Чирс“ и „Али МекБил“. Иако се зборуваше за тоа, екипата од „Френдс“ не се појави.
Сите добитници на линкот.