Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Изложбата yugo.logo во Скопје

13 декември 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во четврток, 14.12, во 20 часот во горната галерија на Младинскиот културен центар ќе се отвори изложбата на графичкиот дизајнер Огнен Ранковиќ, посветена на некогашните логоа на југословенските претпријатија и институции. Претходно изложбата беше поставена во Europe House во Битола.
  • Изложбата брои 460 дела во мал формат. Авторот ги има дигитализирано и архивирано овие знаци за тие да послужат како инспирација на новите генерации но и за да им се оддаде заслужената почит на пионерите на дизајнот на овие простори.
  • Подетално за Ранковиќ и југо.лого види претходно во статијата „Српскиот уметник кој ги спасува старите југословенски логоа од заборав“.
извор

Наградени на ФИЛМАЈ 2026 - фестивал на краток филм

29 април 2026
  • Share
  • Post
  • Фото-кино клуб “Козјак” oд Куманово соопштува дека се одлучени добитниците на награди за ФИЛМАЈ 2026 фестивалот на краток филм. Жири членовите Елеонора Венинова (сценаристка и режисерка), Ангела Стојановска (актерка) и Георге Тодриа (режисер) ги одлучија добитниците на награди.
  • Домашниот филм "Остров" по сценарио и режија на Бранко Костески е Најдобар македонски филм, Балинт Кенјерес е добитник на Награда "Лазар Ѓорѓевиќ" за најдобра режија за "Претстава", наградата "Радислав Ристевски" за најдобра кинематографија се доделува на Џанлука Палма за снимање на "Непријател", авторот на "Мршојадци" Диан Вејс е добитник на Награда "Козјак" за најдобро сценарио, а "Нилски коњи" (по сценарио и режија на Џ. Џ. Лин) е добитник на Награда ФИЛМАЈ за најдобар краток филм.
  • Дополнително потенцираат дека има и три македонски филмови во официјалната селекција: "Избор" на режисерот Марко Црногорски, "Зајак" на Ханис Багашов (кој е и сценарист и режисер), и "Мала шега" во режија на Трифун Ситниковски.
  • Осмото издание на ФИЛМАЈ фестивалот ќе се одржи на 27 и 28 мај 2026 (среда и четврток) во Занаетчискиот дом во Куманово. На двете фестивалски вечери, кои ќе започнат во 20 часот ќе бидат прикажани вкупно 16 кратки филма. Влезот ќе биде бесплатен за сите посетители.
извор

Саем на книга во СЦ „Борис Трајковски“ од 23-29 април

22 април 2026
  • Share
  • Post
  • „Отвори прозорец кон нови светови“ е слоганот на 38. издание на Саемот на книгата, кој и оваа година ќе се одржи во Aрената Борис Трајковски во Скопје, во периодот од 23 до 29 април (четврток до среда).
  • Издавачката куќа „Арс Ламина“ го најави ексклузивното гостување на популарната американска писателка на психолошки трилери, Сара Пеканен, во Скопје на 25 април. Преку издавачката куќа „Сакам книги” доаѓа и италијанската писателка Виола Ардоне – авторка на популарната книга „Возот за деца“ која веќе доби и своја Нетфликс адаптација. На штандот на издавачки центар ТРИ ќе гостува Хајс Вилбринк, автор од Холандија. На штандот на Антолог најавено е гостување на авторката Ирса Сигурдардотир од Исланд, препознатлива авторка на трилери. Чешкиот писател Јиржи Хајичек е специјален гостин на „Славика либрис“. На саемот ќе бидат присутни над 30 издавачи од соседна Србија, а за истакнување е и најголемиот издавач Лагуна.
  • Програма на промоции по штандови тука
    Промоции во Промотивниот центар на Саемот тука
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Маслиновото масло е (фалсификувано) течно злато

Храна
2

Охридското езеро прогласено за најубаво место во Европа

3

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Разно
4

Пампорово тргна надолу

Видео
5

Кога поменот ќе падне на Први мај?

Балканштина
6

Професор Јаран: Како настана Први мај?

Балканштина
7

Ок сме, нема да заврши добро

Забава
8

Како шефот проверува дали стварно си за боловање

Видео
1

Чекорот не лаже: начинот на кој одиме открива како сме

Bookbox
2

Букбокс гледанка: „Торта за претседателот“ (Ирак, 2026)

Гледанка
3

Џезот и класиката се упростуваат

Bookbox
4

Уникатното цвеќе кое расте само на Акропол

Bookbox
5

Од гордост до фашизам: како светските фудбалски првенства граделе национален идентитет

Bookbox
6

Девет трудови песни

Bookbox
7

Сестрата на Ниче и сонот за „Нова Германија“

Bookbox
8

Кога се слуша со душата

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Кадровските критериуми на Јосип Броз Тито

Балканштина

Кога поменот ќе падне на Први мај?

Македонштина

Хибрид на скопски начин

Балканштина

Ако сте во потрага по женско име

Балканштина

Кога веќе се правиме на будали

Македонштина

Мора ли сè вештачка интелигенција да ви напише?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Тенк ју Арменд Мифтари

Македонски полицајци со потенцијал за Пулицер

Не постои ЛГБТ таблица на множење

Да ја вратиме неделата

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy