Фестивал за литература и општа култура „Видик“ бр. 2
31 март 2025
-
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 во организација на „Литература.мк“. Тој се отвора во среда (2 април) во 19 часот во книжарницата во Дајмонд мол со промоција на новиот роман „Три Марии“ на Оливера Ќорверзироска. Следат 15 уникатни настани кои се спој на литература, музика, театар, дизајн и филм.
- Средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат донирани за настраданите во несреќата во Кочани.
- Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100.
- Повеќе детали за целосната програма тука