Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
    • Архива
    • Читанка
    • Гледанка
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Архива
  • Читанка
  • Гледанка
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Археолози од Македонија и САД открија можна престолнина на кралството Линкестис

13 април 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Археолозите oд Државниот политехнички универзитет Хумболт во Калифорнија, заедно со археолози од НУ Завод и музеј Битола, на местото Црнобуки (локалитет Градиште) открија артефакти кои укажуваат на можни остатоци од Линк, загубениот главен град на древното кралство Линкестис. 
  • Градиште беше откриено пред 15 години и од тогаш беше предмет на истражувања. Во 2023 археолозите применија неинвазивни техники, како подземни радари и LIDAR (light detection and ranging) - метод за мерење на точната оддалеченост на предмет од површината на земјата, со поставување на ваквата технологија на дрон. Наодите покажуваат дека постои голема урбана зона со акропол како и театар во македонски стил кои допрва треба да се ископаат. 
  • Почетните проценки го лоцираа градот во времето на владеењето а кралот Филип Петти (221-179 пне), но неодамешно откритие на паричка изработена помеѓу 325 и 323 пне хронолошки го позиционира наодот во времето на владеењето на Александар Велики. 
  • Според археолозите, ова откритие фрла нова светлина на древното македонско минато, кога оваа држава била една од првите модерни држави во Европа. 

фото: Cal Poly Humboldt’s Cultural Resources Facility

извор

Почина Џејн Гудал, чии истражувања на шимпанзата редефинираа што значи да се биде човек

2 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Џејн Гудал, чија доживотна работа како приматолог помогна во проширувањето на разбирањето на светот за однесувањето и емоциите на животните, почина на 91 година, соопшти нејзиниот институт. 
  • Нејзините теренски студии со шимпанза не само што ги срушија бариерите за жените и го променија начинот на кој научниците ги проучуваат животните, туку ги документираа емоциите и особините на личноста кај овие примати што ја замаглија линијата помеѓу луѓето и животинското царство.
  • „Откритијата на д-р Гудал како етолог ја револуционизираа науката, а таа беше неуморен застапник за заштита и реставрација на нашиот природен свет“, се вели во соопштението. Гудал беше назначена за Дама на Британската Империја во 2004 година, а во 2025 година беше наградена со Претседателскиот медал за слобода на САД. Таа беше именувана и за Гласник на мирот од страна на Обединетите нации во 2002 година.
извор

Венко Андоновски: Археологија на книгата

30 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Оние книги што јас и мојата генерација ги нарачувавме од Лондон, сега ги има на секој книжевен сајт. Веќе нема потреба да плаќате царини за книги од странство – сето она што лично сум го купувал како студент – сега го има бесплатно во ПДФ. И тоа е одлично: книгата е достапна. Друго прашање е што достапноста сама по себе – не мора да биде добра. Затоа што достапно е сè: од порнографија до дрога.
  • Еве како доаѓавме до книги за испит во вчерашниот изумрен свет. Прво, си определувавме – колку денови ќе го подготвуваме испитот. Потоа, во група (сите што полагавме ист испит) одевме во НУБ (Народната и универзитетска библиотека). Тоа подразбираше да си планираш цело претпладне, некогаш и попладне – престој во библиотеката. Излегувањето од дома подразбираше и да си понесеш сендвич или пари за ручек. Подразбираше и да се качиш во градски автобус, па да патуваш најмалку половина час до библиотеката. Таму ја имаше сета литература за нашите испити, но книгите не ги даваа дома: мораше да се чита во заедничката читалница. 
  • Тоа ми е главната поента: можеш да учиш сам, дома, на компјутер. Но можеш да учиш и во друштво, во библиотека. Што е поубаво? За мене поубаво е второво, за моите деца – првото. Разликата е огромна: кога си во друштво, се смееш, кажуваш вицови, си помагате околу нејасните книжевни термини, а ако некој заборавил да понесе сендвич, делите. Во читалницата се запозна и еден пар (таа идна медицинарка, тој иден математичар), и набргу направија свадба. Кога си сам во соба не е така. И да склучиш брак виртуелно со некого, не знаеш како мириса кога седи до тебе во читалница.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Дете со потекло од Македонија стана најмлад стрелец на Ѕвезда во Европа

Фудбал
2

Бељата само што не станала поголема

Македонштина
3

Го пофали, го утепа

Балканштина
4

Пловење по македонскиот Ганг

Разно
5

Ќе нè биде ли дигитални конечно?

6

Злосторство и казна

Балканштина
7

Седум години затвор за лисицата што ги насамари волците од Вол стрит

Свет
8

Статива

Балканштина
1

„Кинеската соба“ на вештачката интелигенција

Bookbox
2

„Стивнина“ е првиот победник на Зборотворба на годината

Bookbox
3

Време е за нов културен снобизам

Bookbox
4

Кој би победил помеѓу витез и самурај?

Bookbox
5

Ќе се преиспитуваат околностите за смртта на Хантер С. Томпсон

Bookbox
6

11-то издание на Меѓународниот фестивал на етнографски филм ЕТНОФФ

Bookbox
7

Најспомнуваната актерка во Холивуд се вика Тили Норвуд. Како која Тили Норвуд?

Bookbox
8

Џармуш неочекувано со Златен лав во Венеција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Го пофали, го утепа

Балканштина

Злосторство и казна

Балканштина

Статива

Македонштина

Богати и славни

Македонштина

Таква е и државата

Македонштина

Бељата само што не станала поголема

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Џорџ Х. В. Буш, американски воен злосторник

Репринт: УКИМување на разумот

Додека вие пушите, Бугарките си свиркаат

Сте пробале ли да ставивте бибер на јагоди?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy