Ана Франк била предадена од еврејски службеник?
17 јануари 2022
- Нова книга на Розмари Саливан, „Предавството на Ана Франк“ тврди дека ја разрешила мистеријата околу тоа кој им укажал на властите каде се криело семејството Франк во текот на Втората светска војна. Таа се потпира на истражувања на пенизонираниот детектив на Еф-би-ај Винс Панкок и неговиот тим.
- Наводниот предавник се викал Арнолд ван ден Берг, починал во 1950, а е обвинет врз основа на шестгодишно истражување и анонимно писмо коешто го добил таткото на Ана, Ото Франк, единствениот кој го преживеал холокаустот од семејството, по своето враќање во Амстердам на крајот на војната.
- Ван ден Берг бил член на Еврејскиот совет, административно тело коешто било формирано под притисок на Германците. Семејството Франк наводно не било единственото на чиешто скривалиште укажал, а тоа го правел од страв за својот живот и она на неговото семејство.