- Сајтот ЛитХаб при крајот на годината, веќе седми пат по ред, прави анкета во која вклучува 31 дизајнер за тоа кои биле нивните омилени корици.
- Според нивните гласови две корици го делат првото место - „Сакам да се кршам себеси додека не станам цел“ од Елијас Канети, издание на Пикадор и „Зајачкиот кафез“ од Тес Ганти, издание на Кнопф. Дизајнер со најголем број гласови за дури 7 нејзини корици е Џенет Хансен, уметнички директор во Алфред А. Кнопф (дел од групацијата Пингуин).
- На линкот се сите корици, коментари на оние кои гласале како и подетални статистики.
- Бијонсе ја доби наградата „Албум на годината“ за „Каубој Картер“ со што стана првата црна жена која освои признание во музиката категорија кантри на овие награди.
- Кендрик Ламар ја зацврсти својата доминација во хип-хопот со добивањето на плоча на годината, песна на годината, најдобро музичко видео и уште две награди за Not Like Us. Со тоа фановите го прогласија за победник во рап-битката која се водеше помеѓу него и Дрејк, а вклучи и обвинувања за домашно насилство и педофилија.
- Награди добија и Лејди Гага и Бруно Марс за „Шокирај ја толпата“. Најдобра млада артистка е Шапел Роан. И покрај бројните номинации, Тејлор Свифт не зема ниту една од големите награди.
(Фото: ЕРА Ιmages)
- Колективот „Гола планина“ ја презема „Буква“ на 31 јануари, петок, од 19 часот, каде „голопланинци“ ќе имаат специјална џем сесија, плус музичка селекција по повод четвртиот роденден на овој скопски локал и културно свртувалиште.
- „Четири години и четирицифрен број денови постои ‘Буква’ во Скопје. На истото место, зад Собрание, под трите брези, со сите повеќе или помалку трајни, но еднакво драги и свои лица. Четири години во служба само и само на културата во главниот град. Со сиот свој простор, со сите свои полици, ѕидови и ќошиња, и со широкиот шанк на кој секогаш има уво за секоја приказна. Така како што единствено може да биде – природно, искрено и верно“, велат организаторите.
- Нека се множат годините на едно од ретките места во градов кајшто можеш да играш друштвени игри, да слушаш жива музика и да читаш книга, истовремено.