Од следниот месец, посетителите на Куќата-музеј на Рембрант во Амстердам ќе можат со себе да понесат сопствено уметничко дело. Помеѓу 19 и 25 јуни, четири тату-уметници ќе бидат на повик кога некој од нив ќе изрази желба да истетовира на себе цртежи инспирирани од овој уметник.
Наречена „Рембрант за сиромашни“, оваа иницијатива е обид за музејот да се поврзе со нови уметници и публика во Амстердам. „Ние се гледаме себеси како дом на уметниците“, вели директорот на Музејот, Сенај Бозтас. „Рембрант не само што живеел и работел тука, туку ова било и местото на кое ги подучувал своите ученици. Сакаме да соработуваме со холандските уметници, а овие тату-мајстори се токму тоа. Преку нив се надеваме дека ќе допреме до следната генерација“.
Од своја страна тату мајсторите велат дека ова е одлична можност за поврзување на „големата и малата уметност“. Во светот се продаваат повеќе тетоважи отколку уметнички дела кои се закачуваат на ѕид. Тие се многу подостапни отколку слика на еден од старите мајстори, но сепак не се помалку внимателно одбрани и изработени.
Тројцата тату-уметници ќе понудат широк опсег дизајни инспирирани од Рембрант, неговиот потпис и куќата во којашто живеел. Цената ќе варира од 100 до 250 евра.