Проектот „Рембрант за сиромашни“ во текот на неколку дена во јуни ќе им овозможи на посетителите да си направат постојана тетоважа по углед на делата на уметникот од 17 век. Цената е од 100-250 евра, а ќе ги прават четворица познати тату-мајстори од Холандија.
Ова може да е туѓ концепт за народ што смета дека Сваровски е врвот, но еве, ова парче накит постои и чини 10.000 евра. За 10.000 евра ќе помисли човек дека треба да е опточено со дијаманти, ама дијаманти има колку сакаш, а Рембрант е само еден.
Во понеделникот на 8 април во Рејксмузеум (Државен музеј) во Амстердам ја претставиле новата топка за холандското фудбалско првенство која ќе сe „тркала“ од 28 април како проба за следната сезона. Многу е интересна и необична.
Во 2006, во рамките на одбележувањето на 400 години од раѓањето на Рембрант во Холандија, Гринавеј почнал долгогодишен проект, кој вклучувал опера, игран филм и документарец посветени на овој сликар. Поточно на една единствена негова слика.