Дизајнерите Лиске Гаис и Лиа Дуинкер креирале алка за зглоб, составена главно од пет големи парчиња хартија, испечатени со слики во висока резолуција, симнати бесплатно од огромната дигитална архива на Ријкс музејот каде што се чуваат цртежи и слики на Рембрант.
Ако го заложите, нема да ви понудат многу, ама библиофили и уметнички ентузијасти можат подобро да го проценат. Секоја мала страница (а ги има 1400) има слика од рака, извадена од 303 симнати дела на Рембрант.
На сајтот на дизајнерите го има целиот напорен процес на нижењето на алката, која кога се става на рака, овозможува ролодекс-разглед на раце од Рембрант. Со тоа што, ако одите на туширање, не би било паметно да се заборави на рака.
Во пакетчето има и индекс, за да не мораш со саати да ја ловиш раката што сакаш да ја видиш, на пример баш таа од „Флејтистот“ или „Исус распнат меѓу двајца убијци“.
Кога би си ја купиле алката, а на пример, не би ви било доволно и не би имале со што да ја комбинирате - има гумен чокер, со привезок - книга од 112 страници со кучињата на Рембрант од различни дигитални колекции на музејот.
Купете си ја, што.