Самиот симбол бил додуша користен уште од ренесансата, но за означување цена по парче, како во „10 векни леб @ 20 денари". Стотици години го користеле само трговците, и никој друг. Скок до 1971, и Томлинсон го зајми симболот и му го дава неговото денешно значење.
Во македонскиот го викаме на англиски - ет, иако има луѓе кои се уште го нарекуваат „мајмунче" како на почетоците на електронската комуникација кај нас. Но ако мислите дека тоа е глупо (како во „јас, мајмун, џи-мејл.ком), тогаш ѕирнете во овие начини на именување на симболот во други јазици.
италијански: полжавче (chiocciola)
унгарски: црв (kukac)
ерменски: кученце (ishnik)
германски: посебен вид мајмунче наречено „мајмун-пајак" (klammeraffe)
холандски: пак има врска со мајмун, ама само со мајмунско опавче (apestaart)
дански: прасечко опавче (grisehale ), но најчесто слоновска сурла (snabel)
тајвански: глувче или 小老鼠
хебрејски: нешто како штрудла или שטרודל
чешки и словачки: исто така храна, увијачи од парчиња маринирана харинга со додатоци
шведски: оние прекрасни колачиња со цимет (синамон бан), на шведски kanelbulle (слика горе)
кинески: „цветно А" или 花A
српски (не сме го чуле до сега): лудо А
виетнамски: на север „искривено А" A còng, а на југ „кукесто А" или A móc
извор: Ментал Флос