На неколку часа од истекот на последно лето Грујово, решив да си напишам нешто, за да ми послужи како потсетник за стари денови, и во некоја длабока старост, да ме наврати на тоа како во овие 364 денови, пак сме биле непогрешиви во сè она што го правевме погрешно. Да ме потсети дека некогаш сум потрошила красни млади денови во оваа тиња од општество, каде 2016 во календарот едноставно не постои.
Не. Јадам лајна. Постои 8 август. Memento mori.
Поплавени умреа невини, не им се знае бројот. Никој не го удостои плебсот со точна бројка. Не дека ќе сменеше нешто, не дека тие ќе станеа од гроб, ама... Искреноста на лажовите ни во тие моменти не проработе. Во трагањето по детали, испадна дека сè е лага, само неминовноста од таков удавен крај. Заобиколен пат како Бермудски триаголник, накрај запечатен, оние што останаа по нив да мора да платат, телата од кал и гранки за оној свет да биде измиено. Небаре, само тие гревови имаат, па чисти таму да заминат.
А не се изми најважното.
Тој дел од лицето како синоним за безгрешноста, пак валкан и после Теарце остана. Лагите како сапун и денес на ден Нова година се трошат и продаваат. Алва општонародна. Ќе се слееле парите за болни деца да се лекуваат. Опус деи преку наши пари од даноци, за да се лекуваат оние чии родители плаќаат, тој да бута мермери и да го личи колку што го личат шишки до веѓи пресечени.
Тамара, слушаш ли?
Премногу за еден живот кажано од Шилегов и Ѓорчев, ебеш ми матер комуњарска. Да живее Сопиште, Сарамзалино, од Теарце соопштено дека народот победил, ама ние Влада сосе шарените и на Ниче следбеникот, во фотељи седнати ќе правиме. За неосетна смрт на, и така умрениот живот, сосема доволно. Also spracht Pribe, СЈО кој ја ебе, вели ДУИ што се перчи дека од нив зависи нашиот живот насушен.
2016.
Година на кривокурчево однесување во празниот Универзум на античките Македонци и аболицирани Хунзи, демек за да се спречи "а војна да имаме". Секоја чест, Професоре Иванов.
Ќе да е дека имате две чисти од миметичка теорија и чиста десетка да бидете стожер без наслон, сто педесет мандати играјќи заменета улога на главниот јунак, кој и ова година само нè потсети дека пречесто сме отсустни од нашите животи, кој минува додека тој од Водњански парцели, ни прави други планови.
Маме да ви ебам на сите. И за земјотресот на 11 септември, да ви ебам мајката.
Федерализација - не, ама двојазичност - да.
Ако. Вие на свој јазик и во 2017 гуслајте, ама, некролозите допрва ќе ве потсетат дека Европска Унија е деветта симфонија, и Дантеов круг кој води директно во пеколот.
Во оној исти кој го создаде Алепо, и чии души јас со мојот тим спасувам. И ќе спасувам. Така барем знам дека сум на страната на хуманоста. Чиста и безгрешна.
За мојот труд и пожртвованоста на мојот тим нема да судат управни судии што се тепаат по Јустинијанови ходници.
Ќе судат километрите изодени низ планините со седумтте жени и шест момци, кои неустрашиво баш како и јас, трагаат за да ги нахранат и да ги излечат оние кои се прогонети од железни птици кои плукаат бомби, само затоа што некогаш живееле добро како ние во Југославија.
Мој благи наклон до сите жени кои во 2016, остана доследни на професијата.
Среќна Нова 1949 година.
Со љубов налик онаа од машки курви искажана...
Сандра Томовска