Бел Шекер 2 дел - Црно Кафе

зошто сакам хипхоп музика?

Белците сепак знаеле да скокаат, особено во Европа.

Падот на комунизмот го донесе ХипХоп бранот низ Источниот Блок и низ екс Ју Просторите...

ХипХоп револуцијата започна.

Виџи и легендарната Црна Хроника ( оргинално започнува со Фрешко ) на 103 многу помогнаа за афирмација на македонскиот ХипХоп во раните 90 сети.

Во 95 да ти пуштат песна на радио беше голема работа!

Се сеќавам кога отидовме со Таз да му ја дадеме првата касета на Виџи од Против Сите, дис трака за цела македонска ( у тоа време многу мала ) ХипХоп сцена- ко у стилу "еве не дојдовме, ке направиме партали!"

19 и 45 во ходникот на МТВ влегува Виџи.

Со Таз му приоѓаме и му ја даваме касетата со песната, Виџи не поздравува и си заминува горе да ја започне емисијата, а ја и Таз - трк до Карпош 1, кај мене дома на слушање и снимање од радио!

Тече емисијата и негде 10 за 22 се слуша џинглот...

Кратка информација за новата рап група и инфо за песната дека некој се осмелил да ја дисува цела сцена, од Чиста, па се до Мост и Уличен!

За парадоксот да биде поголем се снимавме на мојот касетофон кој што имаше глава со побавен вртеж и по автоматизација снименото ти е за 2 октави повисоко :)

Исто како на Хелиум!

Песната беше ужасна, ние уште повеќе ( јас особено ) ама почна срањето!

Брзо му го пробивме Бушидо кодот на Виџи ( нешто што јас подоцна и самиот го применував 10 години подоцна на истата фреквенција ) а тој гласеше:

Колку и да е ужасен материјалот, ќе го пуштам еднаш - и нас цело време не пушташе еднаш.

Единствениот проблем беше што ние секоја недела му носевме нова песна!

И по автоматизам не вртат на радио! Јупиии!

Висевме пред црква со сите андерграунд фаци у тоа време, и повремено излегувавме во клубчето Пони во градски парк ( баш пред кривината до Франкофонскиот парк) у зградите од десно.

Во Пони висеа сите групи, од С.А.Ф. до Чиста... а ние имаме дис трака за нив - не ги ни познававме луѓето, а сме ги сереле чисто од неинформираност.

Набрзо се запознавме со сите и ни беше простен дисот, Дј.Гоце во 96 та ни ја направи првата инструменталка и наскоро се решивме да снимаме во студио ( ЕМИТЕР ) онака профи!

И тука се јавува проблемот.

ХипХоп е по дефиниција 4/4 ски од 80 до 100 бпм ( битови по минута ) но јас изминатите 5 години во нашето демо снимање  на касетофонче од прва, цело време ги фаќав ритмовите ( дефиниција - да фатиш ритам е да рецитираш/пееш во склоп со ритамот или он-бит, а се останато се вика оф-бит) по инстинкт, без фактички да размислам кога сум на бит, а кога бегам.

Значи околностите се следни:

1 Саат = 10 марки, ние имаме тотал сума од 40 марки и немаш време за грешки при снимање, се учевме на памет и текстот ни беше чисто ради потсетување.

Почнувам да снимам и грешам еднаш, па уште еднаш, па го менуваме текстот - ја на Таз, а тој  мојот текст да го снима.

Пак грешам!

Тазак решително ме трга на страна и ми вели:

Пеер ритамот... почнуваш на кик, а завршуваш на шнер и се што треба да направиш е да го сместиш текстот измеѓу!

Просветлување... исто ко Нео кога ја виде Матрицата во кецот кога ке го убијат - е тај стил!

Никогаш повеќе нема да избега ритамот, сега е дел од мене.

Продолжува...

 

ПМС:

Се молат сите љубители на нашата музика да не остават да си ја изиграме нашата партија шах според нашата визија, тоест да не ставаат наши песни кои се необјавени или во изработка на Нет - тоа ниту вам, ниту нам ни оди во прилог.

Кога сопственикот на делото ке реши да го даде на светот, тој ќе го направи тоа - не вие. Се останато е кражба и злоупотреба на интелектуален труд, не ги влечете нашите потези пред нас - не ја разбирате играта.

Ремек дело, уживајте.

 

7 мај 2012 - 15:25