Есента ме следеше овде од првиот ден кога заминав од Македонија - 23 Септември.
Навидум обичен датум:
Роден е Кублај Кан, Хуан Перон се враќа на власт во Аргентина, Џака Накот го издава првиот македонски соло ХипХоп албум во 2001 и сл.
Размислувајќи околу последното, горд сум што учествував во создавањето на македонската ХипХоп сцена - од ништо, буквално... само со поддршка на пријателите и луѓето кои ја пуштаа нашата музика по радијата и присуствуваа на малкубројните настапи и концерти.
Јас сум рапер.
Се декларирам као таков, живеам со таа филозофија и според кодексите на кои ме учеле луѓето, кои ја измислиле истата.
Тоа не значи дека сум секогаш во право.
Исто како Јапонија во времето на Мијамото Мусаши, кога се затворија во минатото, отфрлајќи секакво западно влијание и нова технологија, живеејќи според традицијата и обичаите - така и јас/ние Раперите знаеме да бидеме конзервативни и затворени во својот mindset, иако лично, длабоко во себе, верувам дека музиката има благородна цел, да го оплемени човечкиот дух и во нашиот случај да пренесе вербална позитивна порака, а тие што го прават спротивното треба да скапат во пеколот и да умрат од гонореја - Die Dan, Die! Laces Out!
На моја/наша несреќа, нашето општество е во чекор со глобалните трендови, не е изолоран остров и потпаѓа под истите закони на проток на информации, како на пример - Готификација на глупоста!
Тоа е една индоктринација која беше многу внимателно спроведена во доцните 90-ти години, со цел да се маргинализира позитивното влијание на ХипХоп и рап музиката, со цел луѓето да се свртат кон удри бригу на весеље концептот и не се замарај, праи си пари од брза храна.
Тактиката се покажа како многу успешна.
Земете прост пример како идиотите од YouTube на кои секој нормален им се чуди на паметот - стануваат ѕвезди преку ноќ и достапноста до социјалните мрежи на децата кои лажат за годините и отвораат профили на кои ги постираат своите фотографии во wannabe манекенски пози - онаа кога сама се сликаш пред огледало, pricelles.
Во толку многу бука на идиотизам, гласот на разумот е само шепот.
Не дозволувајте да ви го одземат правото на свое мислење, прибидејќи ако веќе сте почнале со правење музика со намера да таргетирате некоја група на луѓе од комерцијален аспект или внимавате што ќе кажете за да не се најдете на мета на полтроните на владата - нивната работа е веќе завршена, агенту Смит.
Добредојде во Матрицата.
Јас својата музика ја создавам инспириран од секојдневието и претежно е мрачна со сини тонови - би рекол, иако има меланхолично исцелувачко/терапевтско дејство, нешто како Иван Исцелителот:
Дојдете на мој концерт и слушнете го моето ЦД, па после идете на лекар.
ПС:
Чувајте ми ја Македонија и пребројте ги краците на штитовите на војската на Александар Воиновски Накоњски - нема ниеден со 8 или 16 краци, ко у Кина да ги правеле, како патиките Pauma, Knite, Rebeck.
ПМС:
Нобеловата награда за литература до година треба да ја добие Сонцето, а на Господ треба да му се даде за научни достигнувања.
Mесечните синглови на Dj. Krush: