Градот убав

42°0′N 21°26′E

Што те прави Скопјанец? Дали е тоа престиж, титула или географска положба?

Живеам во градов од раѓање.

Роден во Чаир, растен во Карпош 1!

Старите викаат за Ѓорче - Центар релацијата дека иделе у "град".

Градот мој е сменет од 62 па наваму, јас како последна генерација (80та) што учеше српско-хрватски во училиште фатив од сè... промените во систем, генерација М хамбургери, демократија и девалвација.

Што се смени толку драстично во однесувањето на луѓето и животот во градов? Не се случи преку ноќ, ама можама да кажам дека  фактот што го направија отворен град у 62-ра заеба работа.

Многу возила, малку улици.

Многу народ, малку култура.

Прво и основно:

Ноќниот живот е сведен на минимум и сè започна од 2000-та со низа несреќни моменти кои резултираа со сегашнава тапа, зборам од аспект на класичен неизлагач по кафиќи... нив ги имало секогаш, од маалски до центарски и ќе ги има, зборам за клабингот, човече!

У диско сум од својата 12та година... порано имаше Џуниор и ние помалите идевме по Метрополи, Мусандри, Силекси и МНТ до 12 саатот. Активно беше и МКЦ, и вечниот непробол Пони, потоа се појавуваа места како Копакабана, Лидо, СФ... Елемент - крај на муабетот!

Работи си до 100!

Рап журка у СФ во среда (ало среда!) и ние средношколци од по 16 години праиме забава на касети и продааме по 300 карти... ајде пробај сега да собереш во среда 300 луѓе, на било каква журка - нема шанси!

Ние како генерација со навики да пиеме по клупи уште сме за исти, новите Скопјани не се.

На децата им земаа се! Од дискотеките (мислам уште ги има ама со турбо-фолк и поп звук, а алтернативата што ја ебеш) па се до коцка и кругче...

Си дојдоа луѓе што идат на Цеца, по шема кафиќи у центар на кафе и у диско не движат (играње) туку шетаат во кругови за да бидат видени или бараат причина за да се степаат.

Мене не ми пречи провинцијата, чим некој дошол овде сигурно е на мука, ја не би го напуштил својот роден град освен од егзистенцијални причини, ама кога си во Скопје уживај во тоа што го нуди градот, но кога народ троши на сељачки журки (читај Беверли Хилс и кафиќи со српско) зошто да се труди некој да прави културна журка, и не дај боже да има присутни постари од 25 и нагоре - нема шанси.

Кога последен пат сте биле во кино, на рап забава (Рап - не хипхоп и екс ју!!!) или на метал концерт?

У моментов се бројат на една рака местата каде може да одите на пристојно стимулирање на вијугите со добра музика.

Подобро 3 саати на добра журка, отколку цел живот на лоша (стара кинеска поговорка)

ПС:

Морам да пофалам Бобмарлизам на 11... добар вајб имаше... Џа, Џа!

и Смрт за Пинк.

Заслужено си отиде у курац, да си го видам својот спот или лик покрај логото на розева повраќаница-ја би се убил прв!

ПМС:

Да си исхејтам малку...

пошто си онеспособил коментари да остаам еден вака.

Дечково го пука таква трема ко да го држат талибанци на нишан, а музиката и рецитирањето се на ниво на средношколски алманах :)

И да си пофалам малку...

1 кадар - 1000 зборови.

22 мај 2012 - 01:37