"Ова е почеток на едно прекрасно пријателство" - Бог Арт
Ко и секој каубоец шо имат раскинато со телевизорот, пријатно се изненадувам од стратегиите за подигнување на нивото на љубов меѓу луѓето, излезени од Центрите за грижа во кои прекрасни маркетиншки експерти ем пацифисти работат во канцеларии во кои мириса на оросена лаванда. Половината вработени се облечени во сари и постат, а другата полојна слушат Дорс и секојпат ко ќе осетит дека паднало нивото на братољубие во светот, ојт на пауза за цигаре (дим да ме њама) и се враќат со нова идеја која ќе ја вратит планетава на правата оска.
Ама, некако тешко им ојт. Турција и Сирија уште се здавени ко питбули, Израел и Палестина абер немет од заедничка организација на сериозни акции како „Бесплатно гушкање", а изолираните инциденти од типот „мајка разбудила син од спиење со секира" и „деца тренирале олимписка норма во стрелаштво и бокс во градски автобус" ги имат скоро секоја недела. Па морат да смислиме некое ново чаре. И, тука на помош идат генијалниот Хемфри Богарт. Ко чоек шо пола живот го проакал по казина и меани, во екипа со Синатра, Дин Мартин и другите пробисвети од колективот наречен „The Rat Pack", немат потреба да се приложит CV за да неговата теорија добијат на релевантност. Плус, секој знајт какво право мажиште во „Казабланка" испадна нашиов јунак, а шта се тиче Синатра, не вервам дека некој не го замислил како сејт облечен во кафеави бермуди, сандали и хавајка под некое дрво на Ипанема во Рио, со мандолинчето во рака, ја гледат кадифената газела со задница која го диктират пулсот потпрена на два диреци ко лансирни рампи од Кејп Канаверал и сонвит со ширум отворените плави очи како би и варел грав во колиба со камин на романтична вечера на Шапка или Маврово. Романтичари „пар екселанс“, шо би рекле Бугарите.
И стварно, ај да разглеаме неколку ситуации:
Слика прва: шефот ти влегвит во канцеларија ко Бад Спенсер во слаткара, ко Боки 13 во билетара, и почвит да се истурат на тебе ко Питер Норт врз колешка при крај на снимање, за некоја ноторна глупост (никогаш не научив шо е ноторна, ама ојт со глупост ко кромид со еурокрем, значит одлично) за која шо ти немаш абер и си невин ко седмооделенка. И тука ојш на џокер повикај пријател, па го сечиш со: „шефе, чекај само секунд, де да видиш шо имам под биро". Овај на почеток те глеат коцкасто, немо и си мислит „ај мајката, нели јас овде давам наредби кој да ојт под биро " ама ко ќе ја извајш домашната ж'та, и стајш по три брзи, све се менвит. Првата голтка ја глеат со неверица и смуртен поглед, ко да си ги викнал него и жена му кај тебе на групен секс, иако знајт дека живејш сам. После втората прајте муабет за цицки, а после третата олабаени на фотелји ги прецизирате деталите дали имат поента тринајста плата да добијаш по 21-ви декември или уште одма.
Слика втора: ојш во банка, да подигниш кредит. Се препотвиш ко прв пат да фаќаш цицка (аха, збор на денот ми е, за да ве омекнам) уште на влез. Ако не ти одобрет кредит за да си ја реализираш бизнис идејата за праење живинарска фарма за одгледување однапред наполнети пилиња со зарзават, ќе морат да си го продајш едниот бубрег. „Повелете, седнете. Ќе се напиете ли нешто?", прашува секретарката. Ти идат да речиш: „НЕШТО? ОТРОВ МАДАМ, ОТРОВ!", ама задржвиш ниво на чоечност и културно бараш две чаши апсинт, како прав господин. Во банка си, да го ебам, не на опера. А, банка ко банка, спремна – добиваш што сакаш. Фино ја подметнуваш едната чаша пред очите на банкарскиот Св. Петар - енд д рест ис хистори. Дојде со бизнис план за глупа фабрика, заминуваш со јахта, викендица на брегот на Тиквешко езеро и џип со кука. И банкарот не останвит гол и бос: среќен за реоткривањето на чоекот во себе, ја сфаќат смислата на животот и одлучвит дека никогаш не е касно за реализација на детските соништа. 7 години подоцна е избран за главен дресер на бенгалски тигри во Ласа на Тибет. 10 години подоцна му се губи трага и глас, во ист период во кој здивот на тигрите почвит да мирисат на етил алкохол. Шо не морат да значит ништо.
Слика трета: Наоштрен и нервозен ко да ти орочиле капитал во банка за сперма, одиш на состанок со Весна. Конечно успеа да ја наговориш да седнит со тебе на пијачка. 15-те билборди низ град со пораките „Весна бе, биди чоек, ебате" и „Јас без тебе ко Влатко на Силви без локици" и двете карти во фан-пит за концертот на Шабан Шаулиќ си ја завршија својата работа. Три пијачки подоцна ти и Весна сте спремни да потпишете пред нотар дека ако не сте еден за друг, да ви ебе матер. Викаш блех оркестар, се качувате со неа на маса и ја пеете „Признавам" од Маријана и Росана во турбо варијанта како да нема утре, во двогласие кое ако би го чуле Сајмон и Гарфанкел „Sound of Silence" би ја направиле инструменталка и би траела минута и пол. 7 деца подоцна, му правите споменик на Хемфри Богарт пред местото каде за прв пат се сретнаа вашите погледи - офтамолошката клиника при медицински центар.
...
Слика стоиседумнаесетта: Њујорк, 2.563-та средба на македонскиот и грчкиот преговарач за проблемот со името и посредникот Метју Нимиц Седми. Како и секој пат дотогаш, нашиов отвара весник и решава судоку, Гркот си турпија нокти, Нимиц Седми слуша Пантера на ајпод. Чекаат да поминат планираните 8-часовни преговори, па да застанат пред камери и да кажат дека е постигнат значителен напредок кон решавање на спорот и дека преговорите ќе продолжат со несмален интензитет и наредните 26 години. Кога одеднаш, пресврт: влегува конобарот и прашува „Господа, што ќе пиете, именден му е на шкотскиот амбасадор?". Три вискија подоцна Гркот низ солзи признава дека Солун и Тасос се наши, нашиов ја срокува „Бисер Балкански" и трча низ ходниците на седиштето на Обединетите нации како Панчев после последниот пенал против Олимпик Марсеј, а Нимиц Седми разулавен пишува СМС до сопругата: „ОДИ НА ДЕПИЛАЦИЈА АКО НЕ СИ СЕ РАЗВЕЛА ОД МЕНЕ ВО МЕЃУВРЕМЕ, ДЕДИ ИС КАМИНГ ХОУМ".
Цицки.
Рецепти за спас на светот до 20-ти декември примам тука: betmenvelit@gmail.com и @BatmanSaysT