Mислејќи колку се менвам од година во година, колку му дозволувам на новогодишното чувство да ме обземит и да ме исполнит, колку ги менувам навиките секој декемвриски фото финиш, прво ми падна на памет да продолжам со пишење отприлика вака:
„...После будењето на први јануари празничната еуфорија ќе ојт да се напијат топол чај во некој кафич со дрвени столици какви шо имаа баба ти и дедо ти, ќе се осеќат ко да е на ливада со сите мириси на исецкани исушени тревки, ту и тамо ќе насетит и по некој рум од оние шо избивет клин со клин и внимателно ќе им ги глеат фаците на луѓето околу неа. Пресреќни шо ја преживеале новогодишната ноќ, уште се во благ транс и се мислат колку поопуштено ќе си поминат на полежерната втора вечер. Таа е тука некаде, еуфоријата, ама немат скроз врска со празничноста, туку со „ликвид(изира)носта" на секој поединец. „Д хел, ова ќе е долг месец" ќе си помислит неколку мигови пред да видит шо имат ново на фејсбук и да кликнит 100-200 лајкови на случајно одбрани поединци..."
Ама си велам: „абе ако во моментов имам тешка глава и не сум најнапален на нова година не значит дека требит да потпишам капитулација од одма“. Па реков де да истражам шо се променило од последниот пат ко сум ја чекал нова година ко првото топло парче леб со тазе ајвар во септември.
Да, веќе не купувам честитки десеттина дена пред нова година за да ги пратам на другарчињата од одделение. Еј, сме оделе на групно пазарење на честитки, лампиони, секакви светликави зафрканции кои после со несмален ќеиф ги вртиш околу елката како да ја имаш четката на Вангел Наумовски во рака, а сликата пред тебе ја гледаш со восхит ко да си јапонски турист во Лувр. Го осеќаш епохалниот шарм на ова твое ремек дело, иако можеби не знаеш да го искажеш со зборови или гугање, сеедно. На неколку години пред да шетам за рака некое мало курајберче со кое ќе го правиме истиот ритуал, не знам зошто не шетнам до пазарче или низ чаршија и не купам пар ситни поклони за неколку љуѓе.
Абе петарди не пукам, у пичку матер. Заеби ти сите муабети дека без прсти се останвело и други глупи преданија кои шо ти асоцирет дека со петарда мојш да напрајш дупка во земјата од која ќе излезит џаолот. Да де, и ако дркаш ќе ти пораснет влакна на дланките. Булшит. И од пенкало се гинит ако си го скиниш душникот. И еж мојт да те повредит ако го згрешиш за сунѓер под туш. Па сјајот во очите ко ќе ја подметниш петардата и само ти знајш шо ќе се десит и дека ќе имат грмење па си спремен, а останатите не. Па осеќање како маж во „пискотниците" на девојчињата ко ќе слушнет ЖБАУ!. И денес на број ми се сите прсти на рацете и нозете.
Снешко. Добро, не е лошо да имаш и снег за да напрајш снешко, ама порано бе првиот снег ако го поминиш без да настиниш не ти се важит. Одма чим имат доволно бело надвор ко пожарникарот Сем после пријава на телефон се мобилизираш. Ко Бетмен стариот ко ќе му се јавеше комесарот Гордон и ќе се спуштеше ко стриптизета по шипката до пештерата долу. Организација по екипи, малку сноуфајт, па дигање на зимски тотем со морков наместо нос, па пак лупање со топки. Круг на животот. Жива вода на радоста. Се враќаш дома утоп од глава до петици, си прајш супа со лимон и црн пипер, се покриваш со ќебе или со неа, и чао! Нек завршит светот во моментот ак требит. Убо ти е.
Њу јиарс резолушан. Новогодишни одлуки. Една од американските традиции која ми е баш кул, поред она бацвењето на кој и да ти дојт при рака под шотизнам какво гранче беше конкретното, она од на Денот на благодарноста. Порано си праев и листа на работи кои шо сакам да ми се остварет наредната година. Сега имам глупо чувство дека е глупо да ја правам. А ваљда не е. Ваљда е скроз коректно да си зацрташ пар ствари и да остајш доволно простор за барем уште толку неочекувани. Ваљда си е најлегитимно на свет да си запишиш дека сакаш во 2013-та да си купиш кола. Или да престаниш да мешаш виски со кока кола. Како било. Шо и да е. Твое си е бе. „Сакааам во двеилјадитринајста да станааам ГРАДОНАЧАЛНИК!". Убо ак сакаш. Узми цевку и ради. После ќе мојш да си се провериш како си терал и шо си постигнал, и убо и неубо, да сфатиш колку уствари работи си напрајл неколку секунди пред да речиш „еј, абе ми летна годинава". Не летна никаде, си помина ко шо си поминвит секоја и ко шо ќе поминит и 13-ката. Шо ќе напрајш во меѓувреме - се бројт. А списочето новогодишно мојт да поможит. Макар и да е кратко: „сакам само таа да оздрави и да се насмее пак".
Имат многу ситници кои шо се дел од колажот на еуфоријата. Еј, не е дека ја немат неа ич. Некое детенце во моментов го прајт точно она шо јас би сакал да го прам. Можда некаде кај шо е потопло, некој копиљ скокат во оние замоците на дување (то сакам во моментов бе, то!). Само ние „поголемите" колку повеќе се двојме од детето во нас сме толку понесреќни, па се замараме со секојдневните свињарии сервирани од некои кутри големи хрчки шо исто така некогаш праќале честитки до другарчињата и пукале петарди (чао Заев, Али, господа пратеници), легвеле да спиет во 21:08 на 31-ви декември и сонвеле дека Дедо Мраз ќе им донесит поклон. И 99% од оние шо залутале одамна па во понеделникот лутајќи низ животот стигнаја и да се монтирет на улица едни контра други, а се исти скроз, во 00:00:13 на 1-ви јануари прво го фаќале телефонот во рака за да се јавет на најмилите и да си посакаат „се најубаво МНОГУ РАДОСТ ЗДРАВЈЕ АЈДЕ СЕ СЛУШАМЕ ГУЖВА Е ПОЗДРАВ ЌЕ СЕ ЧУЈАМЕ ПОСЛЕ И ТИ УБО ДА СИ ПОМИНИШ". А денес седет од карши тебе и те мразет. И ти ги мразиш нив. И никој не знајт зш, и никој не знајт како, што и до кога. Освен дека за 3 дена е нова година. И фала богу ради то.
Дедо Мраз, спуштај ролетна и ако завршиш работа побргу, те чекам на свинеќе и црно вино. Можит и да гледаме виенски концерт заедно, шо. Тамам ќе си напрајме муабет. Иам да ти признаам нешто...