Архива

Пет реални факти произлезени од мечот Вардар - Реал Сосиедад

Пораз од 6:0 на домашен терен не може да не боли, а исто и гол разлика која вели 14 примени и еден даден гол на три натпревари. Затоа критиките од навивачите треба и мора да се сфатат како добронамерни и да бидат поука. Во четвртокот ноќта имаше киксеви кај клубот, играчите, ама и кај Комитите.

Вардарки го збришаа некогашниот гигант Ларвик со +12

По триумфот над ФТЦ Будимпешта дома и Турингер на гости, ЖРК Вардар стигна до 3 од 3 во новата сезона од Лигата на шампионите. Ина Суслина ги пушти пипците како октопод и го заврши мечот со 17 одбрани.

И лудите треба понекогаш да се слушаат

Денес во Холивуд ќе најдете многу просветителки кои ги охрабруваат жртвите на Вајнстин да проговорат (иако сите признаваат дека ги знаеле муабетите и пред да пукне скандалот). За истиот предатор некој предупредил уште пред 12 години. Кортни Лав, 2005-та.

Либералите го поддржуваат Трамп

Само треба да им кажеш дека реформите на даночната политика кои им ги читаш се на Берни Сандерс. Во тој случај, сè што е всушност на Трамп, кај оваа лоботомирана „авангарда“ проаѓа мазно.

Кај што Викинг ќе удри, таму дрво не расте

Викинзите ги испосекле шумите на Исланд уште пред илјада години. Oттогаш, овие што сè не пробаа да ги вратат. И нејќе па нејќе.

„Проектот Ним“ (2011)

Документарец кој го следи животот и делото на шимпанзо по име Ним Чимпски, кој заради научен проект е растен како човечко дете. На крајот од мачната приказна излегува дека таа е повеќе за луѓето околу него, кои се вистинските „мајмуни“.