Зошто жените се меркаат меѓу себе

Мажите гледаат жени и жените гледаат жени (најчесто од сосема различни причини), со таа разлика што жените се многу позаинтересирани да зјапаат во други жени отколку да го меркаат спротивниот пол.

Како што објаснува специјалистката за тело и женска сексуалност др. Каролин Вотерс, не е дека жените се меркаат само за да видат која што носи, туку тие комплетно ја скенираат другата жена од тежина, висина, облик на тело, до тоа каде се' има сало и каков и е тенот.

Психотерапевтката и авторка на Change Your Life with CBT, Корин Свит, објаснува дека жените се делумно програмирани така да се однесуваат.

"Прво природно е да се споредуваш себе си, бидејќи тоа ти дава референтни точки кои помагаат на твојата самодоверба. Како и да е суровата реалност е дека тоа таму е пазар, а главниот производ што се бара е машкото внимание. Жените ја проверуваат конкуренцијата и идентификуваат која е алфа женка меѓу нив. Жените несвесно се ставаат себе си во хиерархија," тврди Свит.

Дополнителен проблем меркањето на други и оценувањето на себе си, е и начинот на кој жените сметаат дека треба да изгледаат, под притисок од тоа како тие се прикажани во рекламите за жени или општо на телевизија и други медиуми.

"Проблемот е што жените ги чуваат во себе овие опресивни пораки кои прават тие потсвесно да се рангираат себеси подолу во однос на другите," објаснува Свит.

29 август 2013 - 16:41