Најбогатите музичари на светот

Мадона во моментов може да земе и да запали 100 милиони долари, и пак да има лагодна предност од 40 милиони долари пред колегата што е второпласираниот на списокот на најбогати музичари на светот.

На музичка кариера од 3 децении, Мадона има продадено 300 милиони албуми, а на ова плус се парите од турнеи, филмови, детски книги, мода и се останато што и текнало за да стигне до сумата од 800 милиони долари.

На второ место Пол Меккартни, кој за време на кариерата со Битлси во 60-те и 70-те заработува околу 7 милиони долари, остатокот од парите до сумата од 660 милиони долари ја прави подоцна како соло уметник (и на правата од Битлси).

Андре Ромел Јанг а.к.а. Др. Дре со 650 милиони долари е на третото место. Дре неодамна го продаде Битс Електроникс на Епл за 3 милијарди долари. Процените се дека тој од продажбата има заработено 630 милиони долари.

Меккартни со 72 години е најстариот на листата, а најмлада е Бијонсе која до 33 години успева да заработи 440 милиони долари. Бијонсе зедно со сопругот вредат 950 милиони долари.

1. Мадона Чиконе (56 години) - 800 милиони долари
2. Пол МекКартни (72 години) - 660 милиони долари
3. Андре Ромел Јанг - Др. Дре (49 години) - 650 милиони долари
4. Шон Џон Комбс - Паф Деди (45 години) - 640 милиони долари
5. Селин Дион (46 години) - 630 милиони долари
6. Пол Дејвид Хевсон - Боно (54 години) - 590 милиони долари
7. Марај Кери (44 години) - 520 милиони долари
8 Шон Кори Картер - ЏејЗи (45 години) - 510 милиони долари
9. Елтон Џон (67 години) - 450 милиони долари
10. Бијонсе Ноулс - Картер (33 години ) - 440 милиони долари

3 декември 2014 - 12:18