... Тој е исклучителен човек, конкретен, мек... Ама Фокс не го сакаа Том бидејќи сметаа дека е премногу во art-house филм. Идиотштина. Немаа муда да го одбијат ама затоа му понудија страшно мал хонорар, навредлив.
Ми ѕвонеше да ми се извини, ми вика: "Не можам децата да ги напуштам три месеци за таков хонорар". Му беше јасно дека студиото не го сака. Во истиот момент кога тој ја одби улогата заради таквиот хонорар, Фокс го побара Дејвид Аркет, кој воопшто не одговараше за таа улога и му понуди 6 пати поголем хонорар. Јас потоа го снимав сам во широк план па тоа придонесе до ломот до кој дојде..."
* извадок од интервјуто на Милчо Манчевски за "Акузатив". Се работи за овој филм, кој Манчевски го напушта по две недели снимање.
п.с. Бидејќи ние имаме тематски широка и јазично шаренолика публика, еве што е последно за македонскиот режисер во иранскиот печат. Рецензија објавена неодамна во специјализираниот филмски магазин 24. Го добивме со помош на самиот автор, Хосеин. Ако не ви се верува, кој ви е крив што не разбирате :)
Ничим изазван бонус: