"Отсекогаш сум уживал да гледам стилски документарци. Па еден ден решив да почнам да се обидувам да ги документирам аспектите на јапонската автомобилска култура. Ова ме доведе да откријам пасија која никогаш не знаев дека ја имам, кинематографија.
Јас сум целиот филмски тим, кој некако успева да ја заврши работат за четворица: илустрација, режирање, монтажа, боја, звук... итн. На секој проект на кој што одам, луѓето чекаат да се појавиме јас и мојата екипа, потоа изгледаат загрижени кога ќе им објаснам дека сум само јас," раскажува Хуксман.
Во последниот филм, тој го следи Морохоши-сан, дечко од Кабукичо областа во Токио, кој признава дека бизнисот "му е во сива област," и може бил уапсен неколку пати. Тој исто така се советува со неколку сомнителни, сериозно тетовирани ликови и вози модификуван Ламборџини Дијабло.
"Ти не можеш само да им пријдеш на овие момци и да побараш да бидат во твојот филм. Ти не можеш по полноќ да влезеш во Кабукичо и да почнеш да ги снимаш овие луѓе со тетоважи по целото тело, освен ако не сака да ти го скршат носот. Треба да познаваш некој што има добри односи со луѓето во овие култури и да побараат да те поканат кај нив за колку што ќе ти биде дозволено да останеш, што обично не е многу долго," објаснува режисерот.
Хаксман почнал со илустрациите за документарецот неколку месеци пред да добие шанса за 2-вечерното снимање.
"Се обидуваш да ги собереш на едно место и потоа да стигнеш до другата локација додека ги режираш и ги снимаш. Им викаш од автомобилот од кој што снимаш, додека се обидуваш да ги диригираш сцените што си ги замислил. Твојот внимателно планиран, минута за минута распоред повеќе не важи, ти си само човек што дошол на возењето со камера во рака," ги раскажува Хаксман импресиите од снимањето на Underground Hero : Love To Hate Me - Lamborghini Bosozoku.
Разговорот за филмот Хаксман го завршува со:
Би сакал да ви посакам добредојде во светот на Underground Hero, личност што некој од вас ќе ја сакаат или мразат. Запомнете, стилот е личен, забавата е универзална а Морохоши-сан е премногу зафатен со забавување за да му е гајле што вие мислите за неговиот блескав неон."