Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х за овој проект изјави: „На филмот „Jupiter ascending„ работевме како дел од тимот на Method Studios, наши долгогодишни клиенти и соработници. На овој проект работеше екипа од 15 артисти од март до мај 2014 година, и беа изработени околу четириесетина кадри со различна тежина во должина од 3 минути. За самиот филм можеме да кажеме дека сме во слатко исчекување да го видиме во целина, а познавајќи ја работата на режисерите Ваховски сме особено нетрпеливи. Љубителите на жанрот на научна фантастика ќе бидат секако задоволни од резултатот, како и секогаш", изјави Даниловски.
Од улиците на Чикаго до далечните галаксии во универзумот, „Jupiter Ascending„ ја раскажува приказната за Јупитер Џонс, за која има предвидувања кога се родилa дека е предодредена за големи работи.
Возрасната Јупитер Џонс, која ја толкува Мила Кунис, сонува за звездите, но се буди во студената реалност во која таа работи како чистачка на туѓи домови и нема многу среќа во животот. Нејзиниот живот добива неочекуван пресврт кога Кејн (Channing Tatum), генетски модифициран бивш воен ловец доаѓа на планетата Земја да ја пронајде, надевајќи се дека таа ќе може да си ја исполни судбината како Спасител на Универзумот. Јупитер почнува да сфаќа дека нејзините генетски предиспозиции ја одредуваат за наследничка на нешто неверојатно, и во обид да си го спаси животот заради тоа што Кралицата на Универзумот го нарачала нејзиното убивство, започнува да си ја остварува судбината и тргнува да го превземе тронот.
Енди и Лана Ваховски уште еднаш навлегуваат на територијата на научна фантастика со овој 3Д спектакл во продукција на Warner Bros. Премиерата на филмот во Македонија е на 5-ти февруари во киното Cineplexx во Скопје, додека светската премиера е еден ден подоцна, на 6ти февруари.